Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Еди Рама со подршка за Мило Ѓукановиќ

"CEEC – China 2018: Arrival" (CC BY 2.0) by CEEC-China 2018

Еди Рама со подршка за Мило Ѓукановиќ

Албанскиот премиер Еди Рама, во специјална изјава, им изрази силна поддршка на претседателот Мило Ѓукановиќ и на неговата Демократска партија на социјалистите (ДПС), за претстојните парламентарни избори во Црна Гора, закажани за 30 август.

Во изјавата, направена како снимена видео порака, Рама – прво, на српски јазик рекол- „поздрав од Тирана, драги пријатели“, а потоа порачал дека „одлуката што треба да ја донесат во недела црногорските гласачи (нарекувајќи ги како браќа и сестри) има големо значење и за Албанија, како и за целиот регион“.

Срдечна порака

Во невообичаеното срдечната порака, со поддршка за црногорскиот претседател, Рама во еден момент вели – „ти благодарам што постоиш драги Мило“!

Во пораката, понатаму, тој порачува дека тоа не е важно само за Црна Гора и за Црногорците, туку и за Албанија и за Албанците во Црна Гора, на Косово и секаде во регионот, но дека еден ваков Мило (според тоа како ја води својата земја) е важен и за целиот регион“.

Албанскиот премиер во својата специјална изјава ја има пофалено вкупната досегашна работа на црногорскиот претседател, инсистирајќи дека таа не е важна само за интересите на неговата земја и нејзините жители, туку и за регионот, на патот на независноста и за свое место во Европа.

Одлучувачки избори

Еди Рама смета дека изборите од 30 август, како што рекол, се одлучувачки за Црна Гора, оценувајќи при тоа дека без водството на Ѓукановиќ оваа земја може да се врати назад, во минатото – и тоа, како што има речено албанскиот премиер- мошне брзо.

Со порака за поддршка и со желби за успех на изборите во недела, до црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ се има обратено и претседателот на Косово (на заминување) Хашим Тачи.

На изборите во октомври 2016 година, беше направен обид за државен удар и за елиминација на Ѓукановиќ и тоа на самиот ден од гласањето. Црногорските безбедносни власти го осуетија обидот за пуч, а истрагата покажа дека зад него стоеле елементи на тајните служби од Србија и од Русија.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Западен Балкан

Горе