Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Усаин Болт заразен со коронавирус

Celso Pupo/BigStock.com

Усаин Болт заразен со коронавирус

Најбрзиот човек во светот, атлетичарот од Јамајка Усаин Болт (34) е заразен со коронавирусот – јавуваат локалните медиуми.

Во првите извештаи нема други детали за тоа дали Болт ги има почувствувано симптомите што се типични за заразеноста со овој вирус, освен дека при извршениот тест бил позитивен. Соопштено е дека во следните две недели ќе биде во карантин.

Не се знае каде и како се заразил, но пред неколку денови, во неговиот дом во Јамајка била организирана голема журка, по повод неговиот 34 роденден, на која имало многу поканети, па дури и гости од Европа.

Според медиумите, на роденденската забава меѓу гостите биле и фудбалерот на Манчестер Сити и на англиската репрезентација Рехем Стерлинг, како и играчот на Баерн од Леверкузен, Леон Бајли. Се претпоставува дека Болт се има заразено на својата роденденска журка.

И во овој случај, не било почитувано правилото да се одбегнуваат вакви забави на кои се собираат многу луѓе. И на Карибите и во Европа, а и насекаде низ светот, ваквите помасовни собирања секогаш завршуваат со појава на коронавирусот, што некој од гостите ќе го донесе со себе.

Не се јавува дали се правени тестови и врз сите оние кои биле на журката кај Болт.

Тој ја заврши својата кариера на Светскиот шампионат во атлетика во Лондон, во 2017 година, непосредно пред својот 31 роденден, откако тешко се повреди во текот на штафетната трка 4х100 метри. Усаин Болт е светски рекордер на 100 и на 200 метри.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе