Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Почина последната ѕвезда на „Однесени со виорот“

Почина последната ѕвезда на „Однесени со виорот“

Легендата на Холивуд и филмската икона од златното време на американскиот филм, актерката Оливија де Хевиленд, почина во Париз, каде живееше последните над 50 години. Имаше 104 години.

Според соопштението на нејзините најблиски, починала од природна смрт. Беше родена во Токио, во 1916 година.

Де Хевиленд е последната ѕвезда од еден од најголемите и најпознатите холивудски филмови на сите времиња – воената романтична драма „Однесени со виорот“ за годините на американската граѓанска војна. Филмот е снимен во 1939 година, првично, во црно-бела верзија.

За својата улога на Мелани Хамилтон, актерката Де Хевиленд го има добиено својот прв Оскар.

Подоцна таа пет пати ќе биде номинирана, а уште на два пати ќе ја освои оваа престижна награда на американската филмска академија.

Има настапувано во десетици филмови со различни содржини, покрај бројни партнери од постарата холивудска генерација.

Оливија де Хевиленд е постара сестра на исто така една од ѕвездите на американскиот филм – актерката Џоан Фонтејн.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе