Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Сликајте комбајни, а не протести”

palinchak/BigStock.com

„Сликајте комбајни, а не протести”

Последниот европски диктатор, Александар Лукашенко (65) им се заканил на странските новинари и фоторепортери кои ја следат ситуацијата во Белорусија пред тамошните претседателски избори, со протерување, обвинувајќи ги дека ги потикнуваат протестите против неговото владеење.

„Наместо што ги сликате протестите по улиците, одете и сликајте ја жетвата и како работат комбајните“ – им порачал Лукашенко.

Тој, меѓутоа, остро ја има прекорено сопствената влада во Минск што го „толерира однесувањето на странците“, па инсистирал да не се чека да заврши предизборната кампања, за  да се  протераат од земјата сите оние кои не ги почитуваат белоруските закони.

Лукашенко ги обвинува странските медиуми дека (наводно) „создаваат атмосфера како онаа на Мајдан“ –  во Киев, во Украина, кога во март 2014 година беше соборен прорускиот украински претседател Виктор Јанукович, кој потоа побегна во Русија.

Во главниот град на Белорусија со денови траат протести на опозицијата и на активисти за човекови права, незадоволни од однесувањето на власта која пред изборите уапси двајца противкандидат за изборите, додека третиот противкандидат на Лукашенко е дисквалификуван од изборната трака.

Во судирите со полицијата има повредни, а досега се уапсени 1100 лица, меѓу нив и на десетици домашни новинари.

Лукашенко е веќе 26 години на власт. На овие избори се кандидираше по шести пат.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе