Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Бајден ветува враќање на САД во СЗО

shganti777/BigStock.com

Бајден ветува враќање на САД во СЗО

Претседателскиот кандидат на Демократската партија за американските избори, Џо Бајден изјави дека доколку биде избран за претседател, веднаш ќе ги врати САД, назад во Светската здравствена организација (СЗО).

Изјавата на поранешниот потпретседател (во администрацијата на Барак Обама), доаѓа по формалното излегување на Америка од СЗО, што Белата куќа го обелодени на 7 јули, обвинувајќи ја притоа оваа организација дека „се ставила под кинеска контрола“ за време на глобалната пандемија со коронавирусот.

Трамп заостанува

Процесот на повлекувањето само формално е започнат пред два дена, но тој ќе трае подолго време и се очекува да изнесува најмалку една година.

Во СЗО се вработени над илјада Американци кои доколку се реализира до крај намерата на претседателот Трамп, ќе мора да ги напуштат своите места и позиции и да бидат заменети со кадри од другите земји-членки.

Во изборната трка за изборите во ноември, Трамп заостанува зад Бајден за околу 10 проценти, но американските аналитичари сугерираат на претпазливост кога ги толкуваат анкетите што се појавуваат, повремено, во тамошната јавност.

Факт е меѓутоа, дека водството на демократот Бајден е поголемо од она на Хилари Клинтон во 2016 година, како противкандидат на Трамп, во истиот момент од сегашната кампања.

Овој пат работите се и сосема поразлични. Гласачите се загрижени од коронавирусот кој во САД има предизвикано далеку најтешки последици во светот, како и од економските проблеми што ги има предизвикано пандемијата.

Над три милиони заразени Американци

Излегувањето на САД од СЗО доаѓа во време кога над три милиони Американци се регистрирани како заразени со вирусот и болни од Ковид-19, додека над 132 илјади пациенти досега се починати.

Според изјавата на актуелниот потпретседател Мајк Пенс, изминатиот период најтешко било во сојузните држави Аризона, Флорида и Тексас, но дека сега ситуацијата со пандемијата се смирува.

Во изминатата недела, во Калифорнија, во еден ден беа регистрирани над 10 илјади ново заразени лица.

Тамошните власти затоа одлучија да се вратат некои од мерките за заштита, како задолжителното носење маска, па на својата последна прес конференција, Пенс се појави со маска на лицето, што се случува за прв пат.

Како и да е, Пенс призна дека за помалку од еден месец, во САД се регистрирани еден милион ново заразени Американци.

Џо Бајден, пак, на сето тоа изјави дека Америка е секако побезбедна кога САД се вклучени во зацврстувањето на глобалното здравје.

„Уште во првиот ден како американски претседател, ќе ги вратам САД во СЗО и ќе го воспоставам нашето лидерство на светската сцена“ – рекол Бајден.

(В.А.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе