Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Бирн: Смртноста во Србија е 2.5 пати повисока

BalkansCat/BigStock.com

Бирн: Смртноста во Србија е 2.5 пати повисока

Смртноста од коронавирусот на територијата на Република Србија е околу 2,5 пати повисока од официјално прикажаните податоци – тврди Бирн (Балканска новинарска истражувачка мрежа), повикувајќи се на увидот во податоците што се дел од државниот информациски систем, Ковид-19.

Според истражувачката екипа на Бирн, од 19 март, па до 1 јуни, во оваа држава од коронавирусот починале 632 лица, а тоа е 388 пациенти повеќе од официјално презентираната бројка која тврди дека починале 244 пациенти.

Сознанијата на Бирн откриваат дека на крајот од изминатата недела, а тоа е периодот непосредно пред одржувањето на парламентарните избори, бројот на заразените се движел меѓу 300 и 340 пациенти (или три пати повеќе од официјалниот податок), според кој во земјата  имало меѓу 85 и 97 новозаразени.

Највисока разлика во бројките во Ниш

Податоците за висината на бројката на заразени, Бирн во Србија, ги наоѓал во посебно означена табела – за владата – која се правела по веќе посочениот информациски систем.

Во табелата се посочува бројот на позитивни лица по извршено тестирање, во последните 24 часови, па бројка на починати кои се одобрени од Министерството за здравство, како и податок за зафатеност на креветите, во секоја болница, посебно.

Најголема разлика меѓу официјално посочените починати и податокот за умрените, до кои дошле истражувачите на Бирн, е регистриран во Ниш. Официјалната бројка е 77 умрени, но во системот кој го анализирале од истражувачката мрежа, излегува дека починале 243 заболени пациенти, за кои стоело запишано дека биле тестирани и дека биле означени како позитивни.

Висока разлика во бројките меѓу официјалното и откриеното во новинарската истрага има и во белградските  болници, каде се носени заболени од коронавирусот.

Прв смртен случај во Србија бил регистриран на 19 март, а највисока смртност имало во текот на април, кога во просек, дневно умирале по 20 лица. Како пример се посочува 12 април кога починале 23 лица, додека официјално се броело дека тој ден умреле шестмина пациенти.

Несфатливо однесување

Претставник на Бирн изјавил дека истражувачите барале контакти со владата,  министерството за здравство,  болниците и со епидемиолозите, но дека никој не сакал да зборува, ниту се јавил да објасни.

Ниту после појавувањето на ваквите сознанија, нема објаснување, иако тоа сега станува важно, откако и во Србија, како и во земјите од регионот, се случува зголемување на бројот на заразените. А, нема објаснување ниту за тоа- дали станува збор за втор бран на вирусот, или пак првиот се уште не е  поминат.

Некои белградски медиуми со вчудовиденост имаат реагирано на ваквите откритија.

Според некои аналитичари- доколку сето ова  е точно, би требало да реагираат полицијата и државното обвинителство.

Се смета дека евентуалната потврда на сознанијата на Бирн би било поразувачко  за земјата, зашто би покажало во каква состојба таа се наоѓа. „Несфатливо е некој кој завршил медицина и се потпишува како лекар, да може да го сокрива вистинскиот број на починатите од коронавирусот” – има речено еден локален аналитичар.

(Д.Б.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе