Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Екс премиер нарачал убиство на бившата сопруга

"President of Lesotho, Thomas Motsoahae T" (CC BY 2.0) by controlarms

Екс премиер нарачал убиство на бившата сопруга

Поранешниот премиер на африканската држава Лесото, Томас Табане е обвинет дека пред три години има платено 24 илјади долари (во локалната валута) за убиството на неговата бивша сопруга Липолето.

Тие двајцата веќе живееле разделени еден од друг, а тој бил во врска со друга жена, но екс сопругата – прво не сакала да се разведе, а потоа, ја одолговлекувала разводната постапка.

Во тоа време, Табане кој победил на изборите во Лесото, ја очекувал инаугурацијата на премиерската функција и сакал кога тоа ќе се случи, на инаугурацијата покрај него да биде новата и помлада сопруга, за која тамошните медиуми пишуваат дека „многу сакала таа да биде прва дама“ на државата.

Според локалните закони, иако разделена од сопругот, бившата жена на Табане ќе била промовирана како „права дама“ на Лесото, се додека бракот не биде и формално разведен.

Липолето Табане била убиена пред својата куќа, на само два дена пред инаугурацијата на Томас Табане.

За нејзиното убиство била обвинета новата сопруга Месаја со која премиерот се венчал два месеци по убиството на првата сопруга. Таа била и уапсена, но во притвор поминала само неколку часови, откако платила кауција од 57 долари!

Аферата има предизвикано криза во владата, а Табане морал да поднесе оставка. Тогаш тој не бил осомничен за злосторството, па се веруваше дека ќе помине само со политичка казна- отстранување од функцијата.

Сега, меѓутоа, полицијата тврди дека има докази од кои се гледа оти тој не само што бил дел од заговорот за убиство на поранешната сопруга, туку договорот со платениот убиец го направил екс премиерот за вкупно 180 илјади долари во локалната валута – што требало да се исплатата во неколку рати.

Табане се брани дека е невин, а оддолжува со апсењето тврдејќи дека е тешко болен, дека има рак и дека треба да се лекува. Сега му претстои апсење, откако втората сопруга веќе се наоѓа во затвор.

Овој пат без право на кауција.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе