Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Актерката Локлин во затвор – за измама

kathclick/BigStock.com

Актерката Локлин во затвор – за измама

Американската актерка Лори Локлин и нејзиниот сопруг, дизајнер Масимо Џианули, сепак, ќе мора да одат во затвор, за нивното учество во големата измама, што инаку ја имаат направено поголема група познати и богати родители, поврзана со уписот на нивните деца во неколку угледни и престижни колеџи во САД.

Вкупно 50 лица се обвинети за овој скандал што подолго време се провлекува низ американската јавност.

Сите тие се обвинети во неколку сојузни држави за давање „големи пари“ како поткуп на администрацијата во разните колеџи, за да може нивните деца да бидат примени, најчесто одбегнувајќи ги примените испити, или знаејќи ги однапред испитните прашања.

Половина милион поткуп за упис

Оваа брачна двојка, во која Лори Локлин е повеќе позната, како една од ѕвездите на телевизиската серија „Полна куќа“, многу повеќе од сите другите беа во јавноста, затоа што тие двајцата од почетокот го отфрлаа обвинувањето и одбиваа секаква вина.

Според медиумите во САД, меѓутоа, сега дошло до целосен пресврт во нивниот случај, откако актерката Локлин и нејзиниот сопруг ја признале вината.

Промената настанала по спогодбата што ја имаат постигнато со јавното обвинителство.

Тие беа обвинети дека платиле 500 илјади долари за поткуп, за да нивните две ќерки, без никаква мака се запишат на угледниот Универзитет Јужна Каролина.

Наводно само затоа што и двете како веслачки биле дел од универзитетската екипа. За промената во однесувањето на оваа брачна двојка, има придонесено и толкувањето дека со секое натамошно одбивање да ја прифатат вината, практично, попречувајќи ја правдата, ризикуваат на судење да бидат построго казнети.

Затвор и парична казна

Со спогодбата и мајката и таткото ќе мора да одат на издржување на затворски казни. Мајката, Лори Локлин ќе биде два месеци во затвор, ќе плати 150 илјади долари и обврзана да обработи 100 часови општокорисна работа.

Таткото, Џианули ќе биде во затвор пет месеци, ќе плати 250 илјади долари и ќе треба да одработи 250 часови општокорисна работа.

Во овој скандал се најде уште една актерка, една од ѕвездите на серијата „Огорчените домаќинки“ – Фелисити Хофман, чиј сопруг е познат холивудски актер. Тој не е опфатен со обвинувањата, но мајката Хофман беше обвинета.

За разлика од Локлин, таа уште веднаш ја има признаено вината и во договор со обвинителството беше осудена на 14 денови затвор. Во ќелијата, во затвор во околината на Сан Франциско, остана само 11 денови.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе