Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Осуден екс претседателот на Еквадор

pxhidalgo/BigStock.com

Осуден екс претседателот на Еквадор

Судот во главниот еквадорски град Кито го осуди, во отсуство,  поранешниот претседател на Еквадор, Рафаел Кореа на осум години затвор за корупција. Тој беше претседател на оваа јужноамериканска држава десет години- од 2007 до 2017 година. Сега е во бегалство, во Белгија, каде е родена неговата сопруга.

На процесот, Кореа беше еден од 18 обвинети и осудени за разни дела од корупција.

Поранешниот претседател, меѓутоа, ги отфрла сите обвинувања , тврдејќи дека се „ политички мотивирани“ и дека се „ монтирани“ , што е вообичаената одбрана на сите политичари кога ќе се најдат на обвинителната клупа.

Обвинителството го товареше поранешниот шеф на државата дека прифатил пари од приватна компанија и фондови од таков извор за финансирање на неговата претседателска кампања во 2013 година. За возврат, неговите донатори требало да ги добијат сите тендери за разни скапи проекти финансирани од државата, како и низа вносни договори со владата и владините агенции.

Меѓу осудените е и поранешниот потпретседател Хорхе Глас кој, инаку, претходно е осуден  на шест години затвор за друг случај- за примање поткуп од бразилската градежна компанија „Одебрехт“ . Оваа голема компанија,  инаку ги има поткупено,  безмалку повеќето од јужноамериканските политичари, меѓу кои и поранешниот бразилски шеф на државата Лула да Силва, затоа што таа учествува во низа мега проекти на речиси целиот континент.

Судот ги прифати сите наоди на обвинителството и освен затворски казни пресуди- сите осудени да не можат да се занимаваат со политика во следните 25 години.

Рафаел Кореа (57) години изјави дека ќе се жали на пресудата. Тој во светската јавност стана познат како политичарот кој го бранеше основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Му даде политички азил , тврдејќи дека поранешниот австралиски хакер е бранител на слободата на изразувањето. Тоа се случуваше во време кога Кореа , во неговиот Еквадор,  ги прогонуваше новинарите кои не го подржуваа и затвори низа опозициски весници и телевизиски станици.

Понатаму
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе