Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Наместо Евросонг- еврошоу

LightField Studios/Bigstock.com

Наместо Евросонг- еврошоу

Коронавирусот предизвика да биде откажан и годинешниов Евросонг, што требаше да се одржи на 16 мај во Ротердам, во Холандија. Европската телевизиска унија (ЕБУ), меѓутоа, соопшти дека наместо натпреварот за песна на Евровизија, истиот тој ден ќе се организира специјална шоу-програма.

Програмата носи наслов – „Europe shine a light”- според насловот на британската победничка песна во 1997 година. Програмата ќе се емитува од Ротердам, во организација на холандската телевизија и ќе биде направена без публика.

„Ги повикуваме сите телевизии кои требаше да учествуваат на годинешниов Евросонг, потоа сите земји- членки на ЕБУ , како и други држави да ја пренесуваат оваа специјална шоу-програма, во духот на единството и на заедништвото“- изјавил директорот на евровизиското натпреварување Јон Ола Санд, прикажувајќи ја програмата како обид да се внесе малку светлина, опуштање и оптимизам во темната атмосфера на ова време на глобална пандемија и на карантин.

Четириесет земји од Европа и Австралија, треба да „настапат“ во Ротердам на ова еврошоу. Сите тие  треба да се појават  со по една песна – некој поранешен европски хит-  и сите настапувајќи од својата земја- поради општиот карантин.

Програмата ќе ја водат тројцата водители кои инаку требаше да ја водат и финалната вечер за песната на Евровизија, доколку се одржеше.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе