Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Бил Гејтс предупредил за пандемија пред пет години

D.Linchevskiy/Bigstock.com

Бил Гејтс предупредил за пандемија пред пет години

Основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс , уште пред пет години има предупредено дека светот се соочува со голема неволја- која ако ништо не се преземе би можела да убие „десетици милиони луѓе во следните десетлетија“. И тоа нема да го предизвика некоја голема војна, туку некаков вирус- рекол во 2015 година Гејтс.

Тогаш тој има предупредено дека глобалната пандемија, покрај „ милионите загубени човечки животи“ може да ја намали светската економија за три билиони долари, забележувајќи дека светот, а посебно богатите и високо развиени економии, не се подготвени за еден таков предизвик.

„Ништо не се направи“

Како сега стојат работите во САД, а посебно во Европа и во светот, никој очигледно го нема сериозно сфатено предвидувањето и предупредувањето на Гејтс, а особено тоа дека ако се почне веднаш ( во 2015 година) , светот би можело да се подготви за следната голема епидемија. И ништо од тогаш не е направено , ништо не е променето , ниту било што во овие пет години се променило.

Овие денови, кога и една моќна, богата и се смета подготвена, кога станува збор за здравствениот систем држава, каква што е САД, покажува нервоза околу мерки што треба итно да ги презема, за да се справи со епидемијата која и натаму се шири, наплатувајќи со растот на смртните случаи, Бил Гејтс одново зборувал на оваа тема.

Сега веќе не се зборува за она- што ќе биде, доколку се случи- затоа што глобалната пандемија со коронавирусот целосно го има заробено светот, туку што сега и како понатаму. Гејтс сугерира дека во сегашната ситуација  е најважно да се остане мирен и дека тоа е најдобрата помош што засега може да се даде.

Социјално дистанцирање

„Ова е епидемија каква се случува еднаш на 100 години“- рекол Гејтс, додавајќи дека сега е моментот САД ( и светот) да се покренат.

Според него, во богатите и развиените држави ќе бидат потребни два, до три месеци за залечување, но дека е неопходно да се одржува социјалното дистанцирање во односите на луѓето, кое го смета за клучно за ставање крај на пандемијата. Ако луѓето останат и издржат да се изолираат меѓу себе, на определено време. тогаш ќе се одбегнат големи зарзени реони ( мисли на САД) , а бројот на инфицираните ќе почне да се намалува.

За Гејтс, позагрижувачки е тоа што ќе биде со стопанството, како и тоа какви ќе бидат последици врз него после поминувањето на сегашната пандемија. Тој рекол дека стопанството и економијата веќе трпат последици , но верува дека тие можат полесно и побрзо да се санираат кај богатите држави, а дека она што го плаши е што ќе се случува со најсиромашните држави и економии, кои освен тоа, многу често, имаат и неразвиен здравствен систем.

Подготовки за иднина

Ризикот е таму, меѓутоа, сите треба да се подготват за иднината- рекол Гејтс- да се забрза и унапреди работата при дијагностицирањето, забрзано да се работи на откривање и производство на нови лекови, како и на унапредување на вакцините.

Тој смета дека САД имаат и знаење и технологија што тоа може релативно брзо да го изведе и да ја поправи грешката што е направена- да не се реагира во изминатите пет години.

Најдоброто во целата оваа голема криза е што пандемијата околу коронавирусот може да покрене поинакво гледање за тоа каде прво да се вложува, каде да се инвестираат парите- рекол деновиве Бил Гејтс одговарајќи на прашања за американската јавност.

(Д.В.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе