Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Оскарите со помалку тв гледачи

The Oscars by ABC/Adam Rose CC BY 2.0

Оскарите со помалку тв гледачи

Годинешново доделување на престижната филмска награда Оскар има забележано голем пад на гледаноста кај телевизиските гледачи во САД.

Според компанијата Еј-Би-Си која ги врши преносите, годинава преносот од Лос Анџелес го следеле 23, 6 милиони Американци, што е најмалку досега. Тоа е за без малку шест милиони помалку, во споредба со минатата година, кога Оскарите „врзаа“ за телевизорите 29,5 милиони гледачи. Сепак, доделувањето Оскар и понатаму привлекува најмногу гледачи.

Не се знае што е причината за падот. Некои ТВ аналитичари сметаат дека причината за падот на гледаноста оваа година се должи на отсуството на водител на целата програма, со некое популарно телевизиско лице, што гледачите во САД го сакаат. Други, меѓутоа, сметаат дека можеби станува збор и за заситеност, од ваквите гламурозни преноси, бидејќи пад на гледаноста имаат забележано и доделувањето на наградите „Еми“, „Златен Глобус“ и „Греми“.

Годинешниве Оскари, инаку, поминаа со „историското“ изненадување – за прв пат во 92 годишното доделување на оваа награда – еден филм од неанглиското говорно подрачје да биде прогласен за најдобар филм. Тоа е јужнокорејската црна комедија „Паразит“ на режисерот Бонг Јон Хо, кој освои и најмногу Оскари, вкупно четири.

За прв пат Оскар доби и популарната холивудска ѕвезда Бред Пит, за најдобра споредна улога, за филмот „Беше еднаш Холивуд“. На неколкупати досега беше номиниран, но Оскар има добиено само како еден од продуцентите за филмот- оскаровец „Дванаесет години роб“. Конкуренцијата на Пит годинава беше многу остра- за наградата се бореа Ал Пачино, Том Хенкс, Џо Пеши и Ентони Хопкинс.

Оскари за најдобра машка улога доби Хоаким Феникс за „Џокер“, а за најдобра женска – Рене Зелвегер за филмот „Џуди“. За најдобра женска споредна улога, Оскарот го освои Лора Дерн.

На годинешниот Оскар македонска кинематографија постигна забележителен успех. Филмот “ Земјата на медот“ беше номиниран за два Оскара- за најдобар документарец и за најдобар филм од неанглиско подрачје, категорија во која победи „Паразит“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе