Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Париз против пазарење со Британците

Arndale/BigStock.com

Париз против пазарење со Британците

ЕУ не би смеела да си дозволи да им попушта на Британците, давајќи им отстапки за пристап кон финансиските пазари, како замена за правото на европските рибари да ловат риба во британските води од Ламанш, околу островот Гернси

…изјави во Париз францускиот министер за финансии, Бруно ле Мер.

Според министерот, кој се верува дека изнесува официјалната француска позиција, правото за рибарење во те води, веројатно, ќе биде една од најтешките теми во текот на европско-британските преговори за идните билатерални односи и за постигнувањето договор за слободна трговија меѓу Брисел и Лондон, по Брегзит.

„Спогодба ќе мораме да имаме (и за рибарењето) но не по цена да се пазариме со Британците“ – рекол францускиот министер.

„Без попуштање“

Бруно ле Мер се заложил за тоа Европа да покаже поголема цврстина кон Лондон.

„Па, да не се заборава дека тие (Британците) самите одлучија да си заминат (од ЕУ). Сега не смее уште и да им се попушта на нивните барања“- смета овој министер.

Тој уште потсетува дека европските правила и прописите врз кои се темели Унијата, налагаат трети земји (а Британија сега има таков статус) кои сакаат да имаат пристап на финансискиот пазар, да ги прифатат тие правила и да се ускладуваат според нив.

Официјален Париз инсистира дека при правењето на идниот трговски договор, ќе мора да се обезбеди обврската – фирмите кои имаат седиште во Лондон, а сакаат да дејствуваат на просторот на ЕУ, целосно да ги почитуваат европските правила, ако сакаат да работат во Унијата.

Рибарење околу Гернси

Ваквиот цврст француски став доаѓа по последните случувања околу островот Гернси.

Француските рибари од 31 јануари, на полноќ, немаат право на пристап и ловење риба во водите околу островот кој е во близината и наспроти француската Нормандија, но е британска територија. Според прописите на ЕУ, кога станува збор за рибарењето, нема период за транзиција, па со излегувањето на Британците од Унијата, престанаа да важат дозволите за ловење риби во ова подрачје.

Изјавата на министерот Ле Мер доаѓа по неколкуте пораки што дојдоа од Лондон во првата недела од Брегзит, од премиерот Борис Џонсон и од некои негови министри дека владата во Лондон нема повеќе да се приклонува на европските правила, ниту ги смета за обврзувачки, затоа што Британија е надвор од ЕУ.

Од британската влада уште порачуваат дека сега ЕУ ќе треба да се приклонува кон британските прописи и за тоа се повикуваат на европско-канадскиот договор за слободна трговија, кого Британците сакаат да го копираат за идните британско-европски односи.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе