Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Макрон непопуларен меѓу Французите

palinchak/BigStock.com

Макрон непопуларен меѓу Французите

Францускиот претседател Емануел Макрон е прогласен за „лош претседател“ во специјално направената анкета по повод одбележувањето илјада денови од како е на функцијата.

Според анкетата, 32 отсто од Французите смета дека е „многу лош“ како претседател, јавуваат медиумите во Париз.

Од оние кои имаат лошо мислење за актуелниот шеф на државата, дури 62 отсто дале таква оценка за Макрон, бидејќи сметаат дека „лошо ја води политиката“.

Други 37 отсто, пак, го сметаат за лош, поради „ставовите, тонот на изразување и комуникацијата“. Вкупно гледано, истражувањето на агенцијата која ја има спроведено оваа анкетата, открива дека на 69 отсто од анкетираните им пречи начинот на кој комуницира претседателот.

„Претседател на богатите“?

Вкупно 36 отсто од француските граѓани сметаат дека Макрон, сепак, е добар како претседател на државата.

Другите медиуми во Франција кои за себе имаат направено анкети, објавуваат дека мнозинство од луѓето смета дека шефот на државата, откако е во Елисејската палата, останува да дејствува како „претседател на богатите“.

Токму тоа е една од замерките и критиките на движењето „Жолти елеци“ кое повеќе од 15 месеци организира протести низ француските градови и без разлика на левичарењето на движењето и на насилството што беше користено во текот на протестите, не мал дел од домашната јавност имаше разбирање за нивното незадоволство.

Неуспешни реформи

Претседателот кој во 2017 година победи на тогашните избори, пред ултра-десничарската политичарка Марин ле Пен, со поддршка и на умерената левица и на таквата десница, брзо го загуби почетниот висок рејтинг, откако почна со спроведување на реформите кои ги најавуваше.

Најави, па се повлече, со поскапување на дизел горивото, како француска мерка за намалување на аеро-загадувањето и во земјата во Европа.

Оваа одлука на владата во Париз, предизвика ерупција од незадоволство во јавноста и на политичката сцена ги донесе „жолтите елеци“.

Кога подоцна Макрон и владата се определија да ги покренат, за Франција, виталните реформи во работните односи, во јавната администрација кои се одлагаат со години, под притисок на јавноста, претседателот уште еднаш мораше да се повлече.

Конечно, кога ја започна реформата на пензискиот систем, предизвика нови масовни протести и штрајкови, посебно во сообраќајниот сектор.

Штрајкувачите не се повлекоа дури ни за божикните и новогодишните празници, но затоа се повлекоа владата и претседателот, најавувајќи спремност за ревизија на владиниот предлог.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе