Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Рускиот „Наполеон“ брутален убиец

byvalet/BigStock.com

Рускиот „Наполеон“ брутален убиец

Познатиот руски научник – историчарот Олег Соколов (63) бил уапсен во Сенкт Петерсбург, откако бил извлечен од реката Мојка, со ранец на себе, во кој биле откриени две женски раце- соопшти руската полиција.

Соколов паднал во реката додека се обидувал да се ослободи од деловите од брутално убиената жена. За малку ќе се удавел, па откако бил извлечен од водата од спасувачите, и по откривањето на тоа што го носел во ранецот, полицијата извршила детален претрес на неговиот стан.

Таму било откриено раскасапеното тело на 24 годишна жена, за која се утврдило дека е негова поранешна студентка, а потоа и љубовница.

Олег Соколов работел како професор и експерт во Државниот универзитет во Сенкт Петерсбург. Тој е познат како специјалист за францускиот војсководец и подоцна император Наполеон Бонапарта и како убеден „франкофил“, па од Франција е одликуван со највисокото француско одликување – Легијата на честа – кое инаку го има воведено самиот Наполеон уште во 1802 година.

Искасапената жена е Анастасија Јешченко со која според локалните медиуми, има напишано повеќе научни трудови.

Медиумите тврдат дека Соколов го признал злосторството.

Рекол дека младата жена ја убил при една расправија, а потоа и ги отсекол главата, двете раце двете нозе. На полицијата, наводно, и рекол дека откако ќе се ослободел од телото, ќе се самоубиел.

Во руските медиуми се пишува дека сакал често да се фотографира облечен како Наполеон, качен на бел коњ, онака како што се верува изгледал Бонапарта кога влегол во Москва по Бородинската битка.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе