Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Маки за нобеловецот Ахмед

fivepointsix/BigStock.com

Маки за нобеловецот Ахмед

Најмалку 67 лица се убиени, а непознат број се повредени во немирите кои избувнаа во Етиопија, во областа Оромија, јавиле локалните власти и етиопската полиција.

Немирите избувнале како резултат на незадоволството од политиката на владата на премиерот Аби Ахмед, но антивладините демонстрации потоа прераснале во меѓуетнички судирања кои се врзуваат и за политичката поврзаност на спротивставените етнички заедници.

Етиопскиот премиер Ахмед стана познат во светската јавност, откако неодамна ја доби Нобеловата награда за мир, за неговата посветеност за постигнување мировна спогодба со соседна Еритреја, после 20 години непријателства, војување и постојани соседски тензии.

Приговори до Нобеловиот комитет

Светските медиуми ја искористија најновата криза во Етиопија за да му приговорот на Комитетот за доделување на Нобеловата награда во Осло, за „избрзаната и прерана одлука“ околу наградувањето на етиопскиот премиер. Медиумите навиваа за тинејџерката- климатски активист за која европските медиуми, посебно, силно лобираа на сите страни, што беше дел и од политичката кампања низ ЕУ за подем на партиите на Зелените.

Во групата на политичари и политички активисти кои беа меѓу 300-те кандидати за годинешнава награда беа и двајца Балканци, македонскиот премиер Зоран Заев и доскорешниот грчки премиер Алексис Ципрас.

Тие беа кандидирани затоа што успеаја низ преговори и компромиси да го затворат „ историскиот“ грчко-македонски спор околу името Македонија кои 25 години ја блокираше земјата на нејзиниот европски пат и создаваше тензии во целиот регион.

Нивниот договор од ЕУ беше прогласен за најголемото постигнување во европската политика, во ЕУ и на Балканот во изминатите децении. „Преспа“ беше понудена и се уште се нуди како договор-модел за балканскиот регион кој до пред дваесет години и се војуваше.

Отцепената Еритреја

Непријателството и тензиите меѓу Етиопија и Еритреја имаат сосема поинаква димензија.

Еритреја порано беше дел од етиопската територија, преку која оваа голема источноафриканска земја излегуваше на Црвено Море, но поранешната провинција се отцепи од дотогашната земја-матица и стана независна држава, додека Етиопија остана без излез на море.

Иако се правеа напори за мирно одржување на новата политички реалност, непријателствата и војувањата се провлекуваа изминатите две децении.

Актуелниот премиер Аби Ахмед е првиот кој се посвети на тоа за да стави крај на таквата состојба и велат дека успеал во тоа.

Она што сега се случува во неговата земја само покажува дека маките за стабилизација на некогаш најстабилната африканска држава, продолжуваат и понатаму. Како посебно опасни се оценуваат заканите од можното избувнување на меѓуетнички и меѓуплеменски судирња, како што е овој, сегашен тежок инцидент во Оромија.

(А.А.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе