Поврзете се со нас

Skopje Global

Технологија

Страв од „Хуавеи“ поради можна шпионажа

Veja/BigStock.com

Страв од „Хуавеи“ поради можна шпионажа

Владата на Нов Зеланд не дозволи домашната телекомуникациска фирма „Спарк“ да набавува телекомуникациска опрема од кинеската компанија „Хуавеи“ објаснувајќи го својот потег со „ страв за државната безбедност“ на оваа островска држава во југозападниот Пацифик, затоа што компанијата е поврзна со власта во Кина.

Новозеландски „Спарк“ планирал да користи „Хуавеи“ опрема во развојот на својата 5G мобилна мрежа, но владината агенција за државна безбедност ја блокирала зделката, од како што е речено безбедносни причини. Ваквата одлука на Нов Зеланд е дел од се позасилениот отпор во меѓународната заедница кон вклучувањето на кинеската технолошка компанија, поради стравот од можноста за шпионажа.

„Хуавеи’ кој важи за најголем светски производител на телекомуникациска опрема, се соочува со отпор во повеќе држави, кои стравуваат дека вградената опрема би можела да се користи од кинеската држава, за нејзините шпионски активности. Компанијата, како и официјален Пекинг, засега, немаат реагирано на одлуката на владата во Велингтон.

Таа доаѓа откако, владата на Австралија одлучи да ги блокира планираните зделки на некои домашни фирми со „Хуавеи“ и со другата кинеска команија „ZTE”, за набавка технолошка опрема за бежична мрежа. За компанијата „ ZTE” се знае дека е создадена за потребите на кинеската армија и дека и натаму е врзана за неа.

Покрај овие две земји, САД и Велика Британија исто така имаат изразено загриженост и стравување поради навлегувањето на технолошка и телекомуникациска опрема од кинеските компании, од истите безбедносни причини, а „Хуавеи“ е критикуван и во Германија, како и во Јапонија и Јужна Кореја. Американските медиуми открија дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп настојува да ги убеди тамошните компании за бежични услуги, да не употребуваат опрема од кинеската „Хуавеи“.

Станува збор за реакција на државите по веќе откриеното кинеско вклучување во кибер и другите облици на меѓународната шпионажа, како и во крадењето на интелектуална сопственост.

Не е никаква тајна дека сите кинески компании се тесно поврзани со државата, а токму тоа го има покренато стравувањето дека може и тие самите да се вклучени во шпионските активности на Кина. Според западни безбедносни експерти, официјален Пекинг бара да биде вклучен во таквите зделки, објаснувајќи го тоа како „ помагање на работата на државните разузнавачки агенции“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Технологија

Горе