Поврзете се со нас

Skopje Global

Технологија

Сондата „Инсајт“ слета на Марс

cobalt88/Bigstock.com

Сондата „Инсајт“ слета на Марс

Роботизираната сонда „Инсајт“ на американската агенција за вселенски истражувања НАСА, слета безбедно на површината на Марс, по седум минутната драматична операција на спуштање на „ Црвената планета“.

Потврда за слетувањето била добиена преку радио сигнали, на кои им биле  потребни осум минути, за да стигнат од Марс до Земјата, која е одалечена 160 милиони километри. Од НАСА во меѓувреме е соопштено дека сондата почнала со работа, испраќајки ги првите снимки од тукушто „освоената“ планета.

Успешното опасно слетување на „Инсајт“ низ атмосферата на Марс, откако сондата патуваше шест месеци до својата крајна дестинација и помина 428 милиони километри, беше пречекана со вистинско воодушевување и прави овации меѓу бројните научници во контролниот центар во Пасадена, во Калифорнија.

Според нивното објаснување, ваквата воодушевувачка атмосфера се должи на крајно сложената операција што „Инсајт“ мораше да ја направи за толку кусо време. Прво , леталото својата дотогашна брзина од 19.800 км . требаше во тие критични седум минути,  да ја сведе на нула и минувајќи низ марсовата атмосфера, да го отвори падобранот , да ги вклучи моторите за слетување и да се спушти на своите три нозе, што во тоа меѓувреме требало да се отворат. Научниците признаваат дека „ панично стравувале“ дека нешто од тие сложени операции би можело да не успее и сондата да удри на површината од соседната планета и да се разбие.

Слетувањето на сондата е осма операција на спуштање на тело од Земјата на „Црвената планета“ што го има испратено НАСА, по првиот таков случај уште во 1976 година.

„Инсајт“ е планирано да работи следните две години и за тоа време, роботизираната сонда нема само да испраќа слики од површината на Марс, туку со своите инструменти и „копачи“ ќе ја истражува внатрешноста на површината на оваа планета, да ја мери температурата, додека вградениот сеизмограф треба да ги испитува потресите на тлото. Сондата тежи само 360 килограми.

Научниците во центарот во Пасадена објаснуваат дека за прв пат досега, во долгата историја на вселенските истражувања, кон Марс е испратена една ваква сонда која има сосема поинакви задачи од сите други кои претходно се имаат спуштено на планетата. Тоа на целата мисија и дава исклучително истражувачко и научно значење.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Технологија

Горе