Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

„Сандеј Тајмс“ – Армијата со план за вонредни мерки околу Брегзит

StockCube@BigStock.com

„Сандеј Тајмс“ – Армијата со план за вонредни мерки околу Брегзит

Еден посебен тим планери во рамките на британската армија, подготвува посебен план за евентуална, вонредна ситуација во Велика Британија, поврзана со Брегзит – пишува неделникот „Сандеј Тајмс“ повикувајќи се на извори во армиските сили.

Станува збор за можноста да се искористат припадниците на армијата „ во случај на хаос„ кој се стравува дека би можел да настане доколку Британија и владата во Лондон, не се спогодат со Брисел, па Британците се определат да излезат од ЕУ без никаков договор.

Дваесетина британски воени планери биле сместени во една база во англиската област Хемпшир, каде прават планови како да се избегне хаотичната ситуација, да се запази редот, олесни транспортот и да се испорачуваат лекови и други медицински потреби, за населението, во првите недели п0 29 март идната година, кога Британија формално ќе се повлече од Унијата.

Ова не е прв пат, во домашната јавност да се појавуваат информации за тоа дека „во сенка“ се подготвуваат планови за „одржување во живот“ на земјата, доколку нема никаков договор со ЕУ, а Британија ке треба наеднаш да ги прекине сите врска со Унијата во која се наоѓа од 1973 година. Експерти уште од пред неколку месеци, предупредуваат, на можноста да настане дури и хаотична ситуација во земјата во низа сектори кои сега се директно поврзани со Европа, вклучувајќи го транспортот, сите комуникации, финансиските трансакции, работењето на банките, но и состојбите околу снабдувањето со најосновните производи кои сега без никакви ограничувања, царини и контроли влегуваат од земјите на ЕУ, или Британците ним им ги испорачуваат.

Ваквото „мрачно сценарио“ се однесува само во случај да нема договор меѓу Лондон и Брисел, за што рокот е крајот на овој месец. Десничарите во владеачката Кознервативна партија кои се и најтврдите „брегзитери“ и натаму тврдат дека Британија е доволно голема и моќна, па може сама да живее и подобро од досега и ги обвинуваат сите кои зборуваат за вакви сценарија и оние во владата кои работат на вонредни мерки за вонредна ситуација, за „плашење на народот“ и за одвраќање од Брегзит.

Овие десничарски кругови кои ги предводат поранешниот шеф на дипломатијата Борис Џонсон, поранешниот министер за Брегзит Дејвид Дејвис кој од секогаш бил евроскептик, како и ултра-конзервативниот пратеник на ториевците Џејкоб Рис-Мог, од поодамна заговараат „No-Deal” решение, за да им се покажало на ЕУ и на 27-те членки дека „не може да и се закануваат“ на Британија, поставувајќи услови за излез од Унијата. Поразумните во владата и во партијата на премиерот Тереза Меј, не исклучуваат и излегување без договор, но инсистираат договор сепак да има, затоа што тоа е во интерес, пред се, на Британија.

Ваквата позиција Меј се повеќе ја зацврснува откако владата и таа имаат добиено повеќе предупредувања од финансискиот сектор, од бизнисот и од екномски и банкарски експерти дека самиот Брегзит носи многу неизвеснисти, а дека излегувањето од ЕУ, без договор, може да предизвика штета за која никој сега не сака да зборува колкава и каква би можела да биде. Во Лондон се вели дека токму од тие причини, во изминатите недели беше направен пробив во преговорите, со компромис од двете страни, за да се дојде до договор. Минатата недела беше обелоденето дека, конечно, е постигната согласност околу нацртот на тој договор, но дека се уште нема финална верзија.

И во таков облик, нацртот, меѓутоа предизвика нова владина криза. Двајца министри во владата на Меј – за Брегзит, како и за труд и пензии, поднесоа оставки, како и уште петмина други помошници министри, кои се солидаризираа со „бунтовничката група„ на ториевците која веќе од порано излезе од владата, обвинувајќи ја Тереза Меј дека се „предала пред Европа“ како и дека дозволила Британија да биде „уценувана”. Таа, меѓутоа, тврди дека договорот, што како нацрт е подготвен, е најдоброто што може да се добие, затоа што значи излез од ЕУ, но и остава на земјата можност за врски со Унијата, за да не се случи најлошото. Она за што армиските стручњаци прават планови за „не дај боже“ ситуација.

(Д.Л.)

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе