Поврзете се со нас

Skopje Global

Брифинг/Weekly

Дневен брифинг

Foto VDW/BigStock.com

Дневен брифинг

НАТО во Хрватска формира свој специјален центар за обука на пилоти на хеликоптери, како и за една воздухопловна единица за префрлање на специјалните сили за посебните мисии на Алијансата. Во седиштето на НАТО во Брисел, за таа цел е потпишан  Меморандум за разбирање. Центарот на Северноатланската алијанса ќе се наоѓа во Задар, на хрватскиот  брег од Јадранот. Ова  е прв пат, откако Хрватска стана членка на НАТО, на нејзината територија да се уреди центар за потребите на Алијансата, што значи не само натамошно интегрирање на земјата во овој воено-политички сојуз, туку  и финанско-економска придобивка за државата. Меморандумот го потпишаа министрите за одбрана на Хрватска, Унгарија, Словенија и Бугарија, а во името на НАТО, заменик генералниот секретар Роуз Готемилер. „Потпишувањето  на Меморандумот за специјални мултинационални воздухопловни програми, значи преземање важен чекор кон натамошниот развој на воената оспособеност на Алијансата“- има изјавено заменик генералниот секретар. Хрватска  стана членка на НАТО во 2008 година, на самитот во Букурешт, заедно со Албанија.

Брисел

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск остро го прекори британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант , затоа што „можеби невнимателно, но навредливо“ ја споредил ЕУ со поранешниот Советски Сојуз. Во  текот на распалената дебата на есенската конференција на британската Конзервативна партија, на која ториевците водат битка за тоа каков да биде Брегзит, но и за зачувување на партиското единство, министерит Хант рекол дека „ не би требало ЕУ да го спречува лесното излегување на Британија од Унијата, затоа што СССР беше тој кој ги попречуваше лугето да си заминат“. Изјавата на шефот на Форин Офисот , во Брисел и во ЕУ била примена со остро негодување. „Советскиот Сојуз имаше затвори и гулази ( логори), градеше ѕидови и неминливи граници, спроведуваше насилство врз сопствените граѓани и соседи. ЕУ, пак, се залага за слободно движење на лугето низ целата Унија, за почитување на човековите права и за демократија, за напредок на нејзите земји- членки и за мир. Заживот без страв“- се вели во реакцијата на Туск. Тој е поранешен полски премиер, па на Хант му порачал дека како Полјак, половина од својот живот го има живеено во советската сфера на влијание ( во Полска во време на комунизмот) . „Затоа многу добро знам за што зборувам„- рекол Доналд Туск. Велика Британија се определи за референдум за Брегзит, во 2016 година, откако  Лондон не успеа да го наметне своето инсистирање за реформирање на ЕУ, така што ќе се откаже или темелно ќе го видоизмени , едно од основните правила на Унијата- слободното движење на луѓето и работната сила на целата територија на ЕУ. Британците за себе бараа посебно уредени услови за влез на европските мигранти.

Хаг

ЕУ и НАТО  заеднички, ја обвинија Русија за серијата сајбер напади , квалификувајќи  го тоа како „безобзирно и агресивно однесување“. Најновиот повод за критиките врз однесувањето на Москва, уследи откако холандските безбедносни органи откриле и спречиле руски хакерски напад врз Организацијата за спречување на хемиско оружје , чие седиште е во Хаг. Инцидентот се случил во април годинава, кога Холанѓаните уапсиле и веднаш протерале четворица руски државјани- хакери, припадници на воената руска разузнавачка агенција ГРУ. Тие дошле во Холандија  и се сместиле во хотел близу до седиштето на Организацијата против хемиското оружје. Биле фатени со се шпионската опрема. Во тоа време Организацијата се занимавала со идентификацијата на нервниот агенс употребен при нападот врз поранешниот руски разузнавач, Сергеј Скрипал кој по размената за еден друг руски шпион, уапсен на Запад,  во 2010 година, живее во англискиот град Солзбери , како и со истражувањето на нападот со хемиско оружје во Сирија. Холандските власти соопштиле дека оперативци на ГРУ се обиделе да ја хакираат истрагата за соборениот холандски патнички авион над Украина, во 2014 година. За ЕУ, руското однесување само го покажува „презирот на Москва кон Организацијата“. Во соопштението на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пак,   се бара Русија да престане со своето „безобзирно однесување“ со вклучување и на сила против нејзините соседи, преку обиди да меша во изборни процеси и со силно раширената кампања со дезинформации.

 

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Брифинг/Weekly

Горе