Поврзете се со нас

Skopje Global

Брифинг/Weekly

Дневен Брифинг: Понеделник 1 Октомври 2018

Фото: The White House/Washington, DC

Дневен Брифинг: Понеделник 1 Октомври 2018

САД и Канада постигнаа, сепак, согласност за прилагодување на главните делови од НАФТА договорот за слободна трговија, иако тоа до пред некоја недела изгледаша невозможно. На отворањето на годинешнава сесија на Генералното собрание, беше објавено дека претседателот Доналд Трамп одбил да се сретне со канадскиот премиер Џастин Трудо. Претходно тој го обвинуваше Трудo дека со своите заложби на Самитот Г7 ова лето, им забил нож во грб на Американците. Договорот меѓу САД и Канада доаѓа откако во август годинава,  одделен договор постигнаа САД и Мексико.

Доналд Трамп вљубен во Ким Јонг Ун

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој и претседателот на Северна Кореа Ким Јонг Ун “се вљубиле” низ “прекрасните писма” што од извесно време ги разменуваат. Трамп го пофалил неговиот неодамна подобрен однос со Ким на состанокот пред свои симпатизери во Западна Вирџинија.

Брегзитот веќе скапо ја чини Британија

Брегзит веќе ја чини Велика Британија 500 милиони фунти (околу 730 милиони евра). Најновите истражувања укажуваат дека економијата на Велика Британија е веќе за 2,5 отсто помала отколку што би била доколку земјата останеше во ЕУ и не го почнеше процесот на Брегзит.

Голем број жртви во Индонезија

Повеќе од 830 луѓе загинаа откако земјотресот и цунамито, што потоа уследи ја погодија Индонезија. Властите се загрижени дека бројката на жртвите ќе продолжи да расте.

Фејсбук повторно казнет

Фејсбук може да биде казнет 1,33 милијарди американски долари поради прекршување на законите за приватност на ЕУ. Во петокот, фирмата објави дека било откриено нарушување на безбедноста што ги загрозува личните податоци на околу 50 милиони корисници на Фејсбук.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Брифинг/Weekly

Горе